Ивановиќ: Абрамович ќе мора да се врати на трибини ако сака Челси повторно да биде голем клуб

Поранешниот фудбалер на Челси, Бранислав Ивановиќ вели дека доколку клубот од Лондон повторно сака да биде голем, ќе мора на трибините на „Стемфорд бриџ“ да се врати неговиот сопственик, Роман Абрамович.

„Ова е нова екипа на Челси. Минатата сезона клубот не беше на ниво, но сепак беше освоено третото место. На Челси му треба враќање на Абрамович. Навивачите мора да го видат повторно на трибините. Кога ќе се случи тоа, Челси ќе се врати на победничките патеки“, изјави Ивановиќ. 

Српскиот интернационалец во дресот на Челси помина девет години, а со клубот од Лондон по трипати ја освојуваше Премиер лигата и ФА купот, а по еднаш Лигата на шампионите, Лигата на Европа, Лига купот и Комјунитишилд.

Се вчитува...