Ивановски и Ислами најдобри атлетичари на Македонија за 2019 година

Дарио Ивановски во машка и Дрита Ислами во женска конкуренција се прогласени за најдобри атлетичари на Македонија за 2019 година.

Во изборот на Атлетската федерација на Македонија кој се одржа синоќа, Дарио Ивановски го понесе епитетот најдобар меѓу мажите. Ова е трета година по ред признание најдобар за Ивановски.

Дрита Ислами, пак, стигна до својата деветта награда најдобра македонска атлетичарка во кариерата.

Се вчитува...