Ивановски и Јованова шампиони на Македонија во полумаратон, Арсиќ победник на маратонот на „Шри Чинмој“

Дарио Ивановски и Благица Јованова се шампиони на Македонија во полумаратон за 2019 година. Државното првенство се одржа во склоп на маратонот на себенадминување „Шри Чинмој во кој покрај полумаратонската трка одржана беше и маратонска трка.

Во машка конкуренција на полумаратон златото му припадна на најдобриот македонски атлетичар на средни и долги дистанци Дарио Ивановски од АК Делта од Скопје кој забележа време од 1:14:49.195 часа. Второто место му припадна на Кокан Ајановски од НРЦ ран клуб од Скопје кој беше 16 секунди побавен од шампионот, додека со бронзата се закити Димитар Петровски со време од 1:20:00,110 часа.

Во женска конкуренција шампион на Македонија во полумаратон е Благица Јованова од АК Делта која постави време од 1:32:02.109 часа.

На второто место на подиумот се искачи Весна Кираџиева од Индјуренс со време од 1:36:37.249 часа, додека бронзата и припадна на Маја Рајчина од АК Делта со време од 1:40:02.493 часа.

На маратонската трка златен беше Александар Арсиќ кој до победата стигна со време од 3:32:40,479.

Второпласиран беше Игор Цветановски со 14:21 минути заостанување зад победникот, додека третото место му припадна на Игор Пирковски кој заостануваше 15:04 минути зад победникот.

Комплетните резултати може да ги проследите на http://my.raceresult.com/140296/

 

Се вчитува...