Ивановски и Кираџиева победници на првиот полумаратон на „Охрид трчат 2020“

Дарио Ивановски и Билјана Кираџиева се победници на првата полумаратонска трка која во рамките на атлетската манифестација „Охрид трчат“ се трчаше во нашиот најголем туристички центар.

За првпат, четвртото издание на „Охрид трчат“ организираше и полумаратонска трка на 21 километар. Во крајно неизвесна трка во машка конкуренција на крајот триумфираше еден од најдорите македонски атлетичари Дарио Ивановски со време од 1:16.23 часа, за само 12 секунди пред второпласираниот Атанас Анчевски. На третото место заврши Милош Ранчиќ со време од 1:17.10 часа, пред Александар Кираџиев и Кокан Ајановски.

Во женска конкуренција победи Билјана Кираџиева со време од 1:26.43 часа, само 14 секунди пред Милјана Ристиќ. На третото место заврши Адријана Поп Арсова пред Ирена Стоименова.

На петкилометарските трки победија Димитар Петровски со време од 18:54 минути во машка конкуренција, и Бојана Наумовски со време од 23:29 минути.

 

Се вчитува...