Ивановски му предаде на Делаведова во четвртфиналето на фјучрсот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го предаде мечот против Метју Делаведова во четвртфиналето на турнирот во Монастир, Тунис. Тешките натпревари во минатата недела и половина го земаа данокот на нашиот тенисер кој имаше сила за само три гејма против Австралиецот.

Австралиецот експресно поведе со 0-3, по што Ивановски реши да предаде, како би можел да биде подготвен за настапот во квалификациите во јуниорскиот турнир на УС опен. Македонецот имаше фантастична победничка низа во Монастир, бидејќи минатата недела го освои трофејот на првиот турнир во овој туниски град.

Ивановски имаше серија од седум победи по ред до денешниот меч.

Се вчитува...