Ивановски носи водство за Македонија против Луксембург

Тениската репрезентација на Македонија поведе со 1-0 против Луксембург во групата 3 од Дејвис Купот, откако т Калин Ивановски славеше со 2-1 по сетови, 7-6, 6-7 и 6-4 против Крис Родеш.

Македонскиот тенисер го доби првиот сет во тај-брејк, а на истиот начин го загуби вториот. Сепак, на крајот успеа во последниот сет да слави со 6-4 и да донесе прв поен за Македонија.

Во следниот меч Србљак игра против Кнаф, а до крајот на денот ќе се одигра и натпреварот во двојки.

Се вчитува...