Ивановски поразен од првиот носител на стартот на фјучрсот во Монастир

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски го заврши настапот на самиот старт на ИТФ фјучрсот вреден 15.000 евра кој се игра во туниско Монастир. Ивановски на стартот беше елиминиран од првиот носител, домашниот тенисер Сканде Мансури со 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.

Младиот Македонец немаше сила за изненадување против фаворитот на кој во двата сета по еден брејк му беше доволен за конечен триумф.

Ивановски во моментов се наоѓа на 763. место на АТП листата.

Се вчитува...