Ивановски продолжува да гази во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стартуваше со победа и на вториот ИТФ фјучрс во сингл конкуренција во тунискиот град Монастир.

Македонецот минатиот викенд ја освои својата прва професионална титула во тунискиот град, а денеска на истото место славеше и на вториот турнир. Во првото коло тој беше подобар од Максимус Џоунс од Тајланд со 2-1 по сетови, 6-7, 6-3 и 6-2.

Ова е вкупно шеста победа по ред на 18-годишникот, кој во осминафиналето ќе се соочи со третиот носител на турнирот Сирил Вандермерш од Франција, од кого минатата недела беше подобар во полуфиналето.

Се вчитува...