Ивановски стартува против Британец на Вимблдон

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски во 1. коло на јуниорскиот Вимблдон ќе игра против домашниот тенисер Лука Поу кој доби валјд-карта од организаторот.

Македонскиот тенисер минатата година го имаше најдобриот настап на гранд-слем турнирите откако стигна до осминафиналето на Вимблдон.

По одличните настапи во Дејвис купот и победите во сите мечеви на кои настапи, Ивановски очекува добар настап и на неофицијалното светско тениско првенство. Натпреварот против Лука Поу на програмата е утре.

Се вчитува...