Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22-рото издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кое денеска низ улиците на главниот град собра рекорден број од над 15.050 учесници од 63 земји.
Чеге ја истрча патеката со време од 2:12:56, остварувајќи предност пред својот сонародник Едвин Кимару Косгеи (2:13:21). Голем успех за македонската атлетика донесе најдобриот домашен маратонец Дарио Ивановски, кој со време од 2:13:49 го освои третото место и бронзениот медал, заостанувајќи само 53 секунди зад победникот. Успехот на Македонија во машка конкуренција го надополни и Жан Тосев, кој заврши на одличното деветто место во генералниот пласман, каде дури седуммина меѓу најдобрите десет беа од Кенија.
Во женска конкуренција, трката помина во целосна доминација на атлетичарките од Кенија. Првото место и припадна на Кемунто, која славеше пред своите сонароднички Кипкемои и Какури. Кениските тркачи доминираа и на полумаратонската трка, каде ги освоија сите позиции на победничкиот подиум и во машка и во женска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
