Ивановски во маратонски меч подобар од Вандермеш за ново фјучрс четвртфинале

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски продолжува со одличните резултати на тениските турнири, откако денеска се пласираше во ново четвртфинале на вториот фјучрс во тунискиот Монастир.

Исто како и пред една недела во полуфиналето, тој овојпат во маратонски натпревар кој траеше повеќе од три часа беше подобар од третиот носител на турнирот, Французинот, Сирил Вандермеш со 2-1, по сетови 5-7, 6-2 и 6-4.

Ивановски во четвртфиналето на турнирот вреден 15.000 американски долари ќе игра против петтиот носител Метју Делаведова од Австралија.

Се вчитува...