Избегната трагедија: Сума за два милиметри ќе останел без око

Сејдубу Сума ќе мора да отсуствува извесно време од фудбалските терени по незгодната повреда на окото што асот на Партизан ја заработи на неделното вечно дерби против Црвена Звезда. Тој настрада при еден дуел со Секу Саного на самиот почеток од дербито, кога фудбалерот на „црвено-белите“ го погоди Сума во пределот на окото.

Офанзивецот на Партизан мораше да биде заменет, а деталните лекарски прегледи покажале дека за малку била избегната трагедија и дека за само два милиметри Сума ќе остане без вид на едното око.

Повредата на окото е многу сериозна и Сума ќе мора целосно да мирува во следните месец дена. Тој не смее да биде под никаков напор, камоли да тренира или да игра, бидејќи постои опасност од влошување на состојбата“, информираат од Партизан.

Ова значи дека еден од најдобрите фудбалери на „црно-белите“ сигурно ќе паузира до крајот на полусезоната, по што би требало да му се стави на располагање на тренерот Станојевиќ за вториот дел од оваа сезона.

 

Се вчитува...