Тим на сезоната: Погба, шест „граѓани“ и четири „црвени“

Професионалните фудбалери во Премиер-лигата го избраа идеалниот тим за сезоната 2018/2019. Очекувано, десет од единаесетте играчи во најдобриот тим се од Манчестер Сити и Ливерпул кои до крајот ќе водат мртва трка за освојување на трофејот. Единствен кој успеа да им се приклучи на шестте фудбалери од Сити и четворицата од Ливерпул е ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

На голот на најдобриот тим се наоѓа голманот на тимот од „Етиха“ Едерсон. Одбраната ја сочинуваат „црвените“ Вирџил ван Дајк, Трент Александер-Арнолд, Енди Робертсон и Емерик Лапорт од Сити. Во средината покрај Пол Погба, се најдоа и „граѓаните“ Бернардо Силва и Фернандињо, а во нападот се Рахим Стерлинг, Садио Мане и Серхио Агуеро.

Во сабота официјално ќе биде обелоденото и името на најдобриот фудбалер во Премиер-лигата за тековната сезона, а во игра за престижното признание се Вирџил ван Дајк, Серхио Агуеро, Еден Азар, Садио Мане, Бернардо Силва и Рахим Стерлинг.

Се вчитува...