Изненадувачко засилување на местото на Гимараеш во Њукасл

Њукасл Јунајтед ја разгледува можноста да го ангажира данскиот репрезентативец Пјер-Емил Хојбјерг од Марсеј.

„Страчките“ во 31-годишниот играч за врска гледаат потенцијална замена за Бруно Гимараеш, кој е пред трансфер во Арсенал за обештетување од 75 милиони фунти.

Хојбјерг има богато искуство во Премиер лигата, каде што претходно го носеше дресот на Саутемптон и Тотенхем. Данецот во моментов е член на Марсеј, но францускиот клуб би можел да го продаде за сума од околу 15 милиони евра.

Во Њукасл сметаат дека Хојбјерг би можел да биде искусно и релативно евтино решение за пополнување на празнината која ќе остане во средниот ред по заминувањето на Гимараеш.

За услугите на данскиот репрезентативец интерес претходно покажал и Милан, па Њукасл ќе има конкуренција доколку одлучи да испрати конкретна понуда до Марсеј.

Се вчитува...