Изненадување во Сингапур, Сајнц на пол-позиција

Возачот на Ферари, Карлос Санјц ја освои пол-позицијата пред трката Формула 1 за ГН на Сингапур. Сајнц оствари време од 1:30,984 минути, односно беше за 0,072 секунди побрз од Џорџ Расел од Мерџедес, а 0,079 секунди од својот клупски колега Леклер.

Ландо Норис имаше четврто време, додека петти беше Хамилтон од Мерцедес. Во првите десет се пласираа и Магнусен, Алонсо, Окон, Хулкенберг и Лосон.

Голем шок доживеаја возачите на Ред Бул, затоа што ниту Макс Ферстапен, ниту Серхио Перез не успеаја да го минат последниот дел од квалификациите. Ферстапен квалификациите ги заврши како 11-ти, но е под истрага. Перес дојде до 13. време во квалификациите.

Се вчитува...