Ја елиминираше Барселона, па доби позитивен тест на коронавирус

Само два дена откако ја елиминираше Барселона од Купот на Шпанија, играчот на Атлетик Билбао Икер Муниаин доби позитивен тест на коронавирус. Тоа значи дека тој нема да биде во комбинација за натпреварот со Рајо Валјекано кој се игра во недела.

Муниан постигна два гола во победата над Барселона од 3-2, а тој беше стрелец на одлучувачкиот погодок во продолженијата, со кој тимот од Билбао ги продолжи натпреварите во Копа дел Реј.

Во голем дел од Европа, тимовите се соочуваат со проблеми со коронавирусот, се одложуваат натпревари, се откажуваат подготовки, патувања… Најкритично е во Италија каде што речиси нема екипа да нема позитивни. Исто така коронавирусот прави хаос и на ЕП во ракомет.

Се вчитува...