Фудбалерот на Калјари, Алесандро Романо (20 години) одлучи во иднина да настапува за селекцијата на Италија наместо за Швајцарија, земја во која е роден и беше дел од младинските репрезентации.
Ваквата одлука би можела да го чини 100.000 евра.
Романо е роден во Винтертур во семејство со италијанско потекло, и за младинските селекции на Швајцарија одигра 34 натпревари. На почетокот од месецов, Светската фудбалска федерација (ФИФА) даде зелено светло тој да може да настапува за сениорскиот тим на Италија, по што селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини, го повика во репрезентацијата.
Романо дебитираше за селекцијата на Италија во мечот против Белгија во Лигата на нации. Тој беше дел од првиот тим и одигра 65 минути во дуелот кој „аѕурите“ го загубија со 0:2, а синоќа на дуелот кој се играше во Бурса, во 76-та минута влезе во игра на местото на Фаџоли.
Ова ги налути челниците на фудбалската федерација на Швајцарија бидејќи Романо беше дел од специјлната програма на Федерацијата „Футура“ и во неговиот развој вложуваше околу 25.000 франци годишно. Сега Федерацијата има можност да побара од самиот играч враќање на вложените средства, а медиумите и фановите бараат и тоа да се случи.
Проценките се дека Романо од свој џеб ќе мора да плати околу 100.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
