Ја избрка мајка си од трибините на Ролан Гарос, па виновен му беше противникот (видео)

Холгер Руде стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос, што е негов најдобар пласман на гранслем турнирите во кариерата, но младиот Данец ќе остане запаметен по бројните бесни реакции со кои го навлече бесот на фановите.

Разочаран од слабата игра во четвртфиналето со Руд, тој во еден момент бесот го истури врз својата мајка, бркајќи ја од стадионот.

„Ако не можеш да ми помогнеш, тогаш оди си“, врескаше Руне по мајка си, по што таа стана и ги напушти трибините.

Данецот продолжи со  контроверзно однесување до крајот на мечот, прославувајќи ги неизнудените грешки на противникот, но и влегувајќи во конфликт со судиите.

На крајот, тој едвај и да му честиташе на противникот, вината префрлајќи ја кај Норвежанецот, тврдејќи дека Руд секако бил лош човек кој лошо се однесувал со ривалите, па и не заслужил ништо повеќе.

Се вчитува...