Ја одведе Грузија на Европско, а сега доби отказ

Французинот Вили Сањол е разрешен од функцијата селектор на грузиската репрезентација позиција што ја извршуваше повеќе од пет години, соопшти Грузиската фудбалска федерација по поразот од 0-1 од Северна Ирска во Лигата на нации.

„Грузиската фудбалска репрезентација ќе биде предводена од грузискиот тренер Рамаз Сванадзе до крајот на 2028 година“, објавија од Федерацијата, упатувајќи благодарност до Сањол „за секоја помината минута и за емоциите што ги споделивме заедно на тоа историско патување“.

На првиот натпревар од Лигата на нации, одигран во петокот во Тбилиси, Грузија загуби со голот на Шеа Чарлс, постигнат во последните моменти од судиското надополнување на второто полувреме. Претходно на натпреварот, напаѓачот на ПСЖ и ѕвезда на репрезентацијата, Квича Кварасхелија.

Се вчитува...