Ја зема топката, тргна сам и погоди – еве како Димитријевиќ ја донесе победата на Валенсија (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ е јунакот на Валенсија во триумфот над Андора синоќа во шпанскиот шампионат. Димитријевиќ ги постигна клучните поени на натпреварот, со кој неговиот тим стигна до важна победа.

Македонецот во финишот имаше „симултанка“, така што при водство на 1 поен на противникот, сам ја зема топката, влезе меѓу противничките кошаркари и погоди. Потоа пресече акција на противникот за голем триумф на Валенсија.

Еве како изгледаше последниот поен на Димитијевиќ за победа.

Се вчитува...