Јаја Туре е назначен за нов тренер на Слован Братислава. Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска и прославениот играч за врска на Барселона и Манчестер Сити потпиша тригодишен договор со најтрофејниот словачки клуб и за прв пат самостојно ќе води сениорски тим.
По завршувањето на играчката кариера, Туре работеше во академијата на Тотенхем, а потоа како асистент на Роберто Манчини во репрезентацијата на Саудиска Арабија. Сега го презема Слован, клуб кој 32 пати ја освои титулата шампион на Словачка.
„Многу сум среќен и возбуден, искрено едвај чекам да почнеме да работиме заедно во понеделник. Мојот претходник заслужува голема почит за сè што постигна со Слован. Сакам да градам врз тоа, но и да донесам нешто ново и мое. Фудбалот е сè за мене. Ги сакам предизвиците и сум неверојатно возбуден што ќе водам голем клуб со богата историја, со прекрасен стадион и високи амбиции. Бев многу пријатно изненаден од условите во клубот, кои се навистина на највисоко ниво“, рече Туре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
