Јакимовски и Беневенто во Серија А: Ги води другар на Марадона, а голови дава Пушкаш

Серија А идната сезона ќе има нов Македонец. Тоа е Никола Јакимовски, кој настапува за Беневенто. Овој тим направи сензација и следната сезона ќе биде дел од елитата. Минатата сезона од третата лига влезе во Серија Б, успеа да скокне уште едно скалило и влезе во елитата на италијанскиот фудбал. Во финалето на плејофот за пополнување на последното место во италијанскиот шампионат, Беневенто го совлада Карпи со 1-0, со голот на Георге Пушкаш, откако првиот меч заврши без голови.

nikola jakimovski benevento

Клубот е основан во 1929 година, па потоа згаснат, и повторно оживеан на почетокот на овој век, во 2005 година. Тренер е еден од најдобрите другари на Марадона, Марко Барони, кој беше член на шампионската генерација на Наполи. Тој минатото лето на кормилото го наследи Гаетано Аутери, и направи огромен успех. Малиот клуб од гратчето со околу 60.000 жители на југот на Италија, следната сезона ќе игра рамо до рамо со најголемите клубови во Италија.

Се вчитува...