Јакимовски и Вашингтон ја завршија сезоната со полуфинале во НИТ (ФОТО)

Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт ја завршија сезоната со пораз во полуфиналето од НИТ шампионатот. Подобар од Универзитетот од главниот град на САД беше Тексас А&M кој славеше со убедливи 56-72.

Македонскиот интернационалец во „Медисон Сквер Гарден“ помина 15 минути на паркетот, период во кој забележа три поени со реализација 1/4 зад линијата за три поени.

Зад Јакимовски е уште една успешна сезона во САД кaде на 36 одиграни средби забележа просек од 5.4 поени со реализација од 38.7 отсто и 4.0 скока.

Се вчитува...