Јакимовски лидер на Вашингтон против фаворизираната УКЛА (ВИДЕО)

Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт не успеаја да се пласираат во следната рунда од завршниот турнир од PAC-12 дивизијата кој оваа недела се игра во Лас Вегас откако загубија од фаворизираната УКЛА со 65-75.

Македонскиот интернационалец одигра одличен натпревар во кој беше лидер на својот тим со 15 поени и реализација 2/3 за два поени, 3/5 за три и 2/2 за еден на која додаде и четири скока, но неговиот учинок не беше доволен за триумф на тимот од главниот град на САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...