Јакимовски почнува со тренинзи со репрезентацијата

Андреј Јакимовски од утре ќе се приклучи на подготовките на кошаркарската репрезентација, која под водство на новиот селектор Бајиќ продолжува со тренинзите во пресрет на претквалификациите за СП 2022.

Младиот репрезентативец ја помина првата фаза од рехабилитацијата по операцијата на препоните, па од утре ќе почне со тренинзи, и ќе им се приклучи на своите репрезентативни колеги кои го одработија оној уводен, базичен дел од подготовките.

Јакимовски првите тренинзи ќе ги одработи со кондицискиот тренер во репрезентацијата, Александар Кукриќ.

„По оперативниот зафат со кој ги санирав проблемите со препоните, сакам да видам до каде сум со физичката подготовка. Ќе разговарам со селекторот и кондицискиот тренер на нашиот тим, со цел да направам план за работа во наредните денови. Ќе тренирам одвоено од тимот, но сакам да бидам дел од екипата. Ќе видиме како сето тоа ќе функционира, ми недостасуваат тренинзите со тимот, едвај чекам да бидам на теренот. Нема да форсирам со враќањето, со надеж дека стартот на претквалификациите ќе го дочекам што е можно поспремен“– вели Јакимовски.

Се вчитува...