Јакимовски во Охрид го заокружи проектот „Три маратони за еден месец“ (ФОТО)

Македонскиот атлетичар Игор Јакимовски денеска во Охрид го заокружи проектот „Три маратони за еден месец“ реализиран со цел, и во време на пандемијата од коронавирусот да се покаже значењето од спортската активност“.

Јакимовски маратонот од Свети Наум до центарот на Охрид во должина од 30 километри го истрча со време од 1:58.39 часа, како дополнение и на претходно реализираниот маратон во Битола на 23. мај (2:47.00 часа) и полумаратонот во Скопје на 10. мај (1:17.34 часа).

„Мојата цел во Охрид беше да истрчам со време под два часа, и успеав во тоа. Со денешниот личен настан ја завршив успешната приказна зацртана пред еден месец. Да покажам и докажам дека на мои 44 години можам да постигна најдобри резултати во кариерата. Сакав на овој начин и да ги мотивирам сите да бидат физички активни во овие времиња на коронавирусот, да го сакаат овој прекрасен спорт и бидат секогаш оптимисти за подобро утре. Само со позитивен став можеме секогаш кон подобро утре“ – истакна Јакимовски по завршувањето на маратонот во Охрид каде беше пречекан и од свои атлетски ученици и членови на клубот.

Се вчитува...