Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, повторно зборуваше за своето ривалство со напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, во овогодишната трка за „Златната топка“.
На прашањето кој ја заслужува наградата, Јамал нема дилеми дека тој и Мбапе се најдобри фудбалери на светот.
„Наградата би му ја доделил на најдобриот фудбалерот во светот. А, кој ќе ја добие наградата, тоа е многу долга дебата. Искрено верувам дека ние двајца сме најдобрите во светот. Мбапе и јас сме најдобрите играчи во светот и секој што ги гледа натпреварите го знае тоа. Имавме меѓусебни дуели и бев подобар од него буквално во сè“, изјави Јамал.
Јамал смета дека не треба победникот на Светското првенство да ја освои „Златната топка“, туку да се гледаат игрите во текот на целата година.
„Не го сметам тоа за исправно, бидејќи не верувам дека само едно натпреварување ќе ви ја донесе наградата. Случајноста е во тоа што играм за репрезентацијата што го освои Светското првенство. И да победеше Англија на Светското првенство, повторно ќе кажев дека јас и Мбапе сме најдобрите фудбалерите на светот во овој момент“.
Самоувереноста на Јамал оди дотаму што ги пецна и Кристијано Роналдо и Лионел Меси тврдејќи дека тие не прикажувале игри како него на негови години.
„Имало големи ѕвезди како Меси или Роналдо, но не мислам дека некогаш во поново време е видена таква брилијантност на толку млада возраст како мојата. Луѓето мислат дека ќе се опуштам само затоа што сум победил, но пред мене има уште многу работи што треба да ги постигнам. Сите знаат дека Меси и најдобриот фудбалер во историјата. Според мене, Аргентина има добри играчи, но Меси ги надминува сите“, додава Јамал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
