Јамал откри кој треба да ја добие „Златната топка“

Еден од најдобрите играчи во светот, Ламинe Јамал, јасно стави до знаење кој според него треба да ја освои Златната топка.

Јамал не ги крие своите амбиции. Младиот ас на Барселона е свесен дека е во друштво на најголемите светски ѕвезди, но верува дека е дојдено време да направи уште еден огромен чекор и да го освои признанието за кое сонува секој фудбалер.

Без многу размислување, Јамал се издвои себеси и Килијан Мбапе како двајцата најдобри играчи во светот, но веднаш го додаде најважното. Смета дека ја заслужува Златната топка оваа година.

„Килијан Мбапе и јас сме двајцата најдобри играчи во светот. Но, оваа година верувам дека заслужувам jас да ја освојам Златната топка“, рече Јамал.

Иако е сè уште многу млад, фудбалерот на Барселона веќе има став на играч кој сака да остави свој белег во историјата. За него, она што го направил досега не е доволно за да биде задоволен, а особено има чувство дека можел да направи уште повеќе на најголемата репрезентативна сцена.

„За друг играч, мојот настап на Светското првенство би бил одличен, но не и за мене“, рече Јамал.

Токму затоа тој веќе размислува за следното Светско првенство и не крие колку сака нова можност.

„Навистина сакам следното да дојде“, додаде младиот Шпанец, јасно алудирајќи на следното Светско првенство.

Јамал смета дека неговата приказна е различна во многу аспекти од сè што сме виделе претходно. Тој е свесен дека Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Диего Марадона ја обележале фудбалската историја, но верува дека она што го прави на негова возраст е речиси без преседан.

„Постојат историски играчи како Меси, Кристијано и Марадона, но не мислам дека некогаш се случило некој да освои толку многу на толку рана возраст“, ​​рече тој.

И овој успех е токму причината зошто Јамал не сака да дозволи неговото задоволство од досегашните резултати да го забави.

Напротив, тој верува дека сега мора да работи уште понапорно.

„Луѓето имаат став дека можеби ќе се опуштам во одреден момент бидејќи веќе имам освоено толку многу. Но, знам дека сè уште имам илјада работи да направам за да останам во историјата на фудбалот“, рече тој.

Се вчитува...