Јамал повторно се јави и кажа зошто треба тој да ја добие Златната топка, а не Кејн или играч на ПСЖ

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, одлучи да го следи примерот на Килијан Мбапе и да си се промовира како главен фаворит за „Златната топка“.

Тој во интервју кое ќе биде емитувано вечерва, објави зошто тој ја заслужува „Златната топка“, а не некој играч на ПСЖ.

„Проблемот е што сега луѓето придаваат важност на работи кои не ја носат „Златната топка“ како кога велат дека играч на ПСЖ мора да ја освои наградата бидејќи тие триумфирале во Лигата на шампионите… Кога ќе ја освоите Лигата на шампионите, го добивате трофејот за тоа натпреварување, кој му припаѓа на најдобриот тим, а тоа е награда што ПСЖ веќе ја има. Сосема друга работа е дали најдобриот фудбалер во светот игра за ПСЖ.

„Златната топка“ мора да му припадне на најдобриот играч во светот, и тоа е тоа. Не на играч кој едноставно постигнува 80 гола, бидејќи постигнувањето толку голови ви ја носи наградата за најдобар стрелец во сезоната. Тоа се различни работи што луѓето не ги разбираат. Најдобриот играч во светот е оној во чија игра уживате додека ја гледате, некој што се издвојува од сите останати. Најдобриот играч во светот е оној во чија игра уживате, го гледате и си велите: Тој е играч што е сосема поинаков од сите други. Кога таа награда ќе му припадне на најдобриот играч, а не на оној што постигнал најмногу голови или освоил најмногу титули, дури тогаш таа ќе ја врати својата вистинска вредност“, вели Јамал.

 

 

Се вчитува...