Јан Облак е позитивен на коронавирус

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак е позитивен на коронавирус потврдија од шпанскиот прволигаш. Во целата ситуација со позитивниот тест на словенечкиот чувар на мрежата е тоа што тимот нема да има мечеви во следниот период па ќе има доволно време да се рехабилитира по прележувањето на вирусот.

Останува да се види дали ќе Облак ќе успее да излезе од изолација до 6. февруари кога „душекчиите“ и гостуваат на Барселона во дербито на 23. коло во шпанската Ла лига.

 

Се вчитува...