„Јане Сандански“ остана неосвоива тврдина во мак-баскетот (фотогалерија)

МЗТ Скопје ja продолжи серијата одлични изданија стигнувајќи до седмата победа во низа на домашната сцена, воедно и останувајќи непоразен во својата тврдина – СЦ Јане Сандански.

Гостивар вечерва се покажа како исклучително тежок ривал, Американецот Ворку беше феноменален стигнувајќи до трипл-дабл, но „металците“ имаа премногу оружја што ги искористија кога беше најважно. Вер и Крстевски погодија важни шутеви во последната четвртина, а Дамјан Стојановски имаше мирна рака во завршните секунди, за заслужен триумф над незгодниот ривал.

МЗТ покажува квалитет и карактер, игра се подобро и во АБА2-лигата, па аеродромци дефинитивно демонстрираат зошто и сезонава важат за главни фаворити за трофеите на домашната кошаркарска сцена.

Се вчитува...