Јане Велковски се „загреа“ за другарувањето со Погба: Навиваше за Јунајтед заедно со „MUSC – Macedonia“

Јане Велковски, момчето кое неизмерно го сака фудбалот и беше дел од кампањата на УЕФА, „Equal Game“, а боледува од ретката болест спинална мускулна атрофија, вечерва се ’загреа’ за гостувањето на „Олд трафорд“, каде ќе го гледа во живо натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Манчестер јунајтед и Севилја, со следење на мечот на „црвените ѓаволи“, заедно со британскиот амбасадор Чарлс Герет, и фан – клубот „MUSC – Macedonia“ во „Бекјард Ланч бар“ во Скопје. Во убава атсмосфера, Јане Велковски и „дабуваше“ заедно со македонските фанови на Манчестер јунајтед…

Токму како дел од кампањата на УЕФА, „Equal Game“, Јане Велковски оствари пријателства со голем број фудбалски ѕвезди, имаше комуникација со Пол Погба, кој го покани на меч на „Олд трафорд“, како и со Луиш Фиго и други фудбалски ѕвезди…

 

Се вчитува...