Тримесечната суспензија на Јаник Синер поради случајот „Клостебол“ го лиши од бодови и дополнителни парични награди. Италијанецот отсуствуваше од 9 февруари до 4 мај оваа година, по суспензија од Светската антидопинг агенција (WADA).
Здружението на тениски професионалци (ATP) има бонус фонд, од кој доделува парични награди на играчи кои постигнале најдобри резултати во сезоната. Наградниот фонд од 21 милион долари се распределува врз основа на перформансите на турнирите од Мастерс серијата.
Карлос Алкараз е на прво место во овој поглед со 3.420 бода, а по него е Синер со 2.350.
Она што е сигурно е дека Јаник нема да добие никаков бонус, бидејќи предуслов е да се играат сите Мастерс турнири, освен Монте Карло.
Постои и систем на санкции, 25% за еден пропуштен турнир, 50% за два, 75% за три, а Синер ги пропушти Индијан Велс, Мајами и Мадрид, заедно со претходно споменатиот Монте Карло.
Затоа, Јаник е принуден да се откаже од 2,3 милиони долари, односно два милиони евра.
Но, сосема јасно ова ниту најмалку не е некоја грижа за Италијанецот, бидејќи неодамна освои шест милиони долари само од триумфот на егзибицијата во Ријад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

