Јанис ги шокираше навивачите на Милвоки

Ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумба, ги изненади навивачите на овој тим – со потег на социјалните мрежи. Адетокумбо ги избриша сите објави на Твитер од 2021 година и ги отстрани речиси сите содржини поврзани со Бакс на Инстаграм.

Бакс се мачат оваа сезона, губејќи осум од последните девет натпревари, поттикнувајќи шпекулации за тоа каде се движи франшизата. Милвоки моментално е надвор од плејофот на Истокот со скор од 9-13.

Јанис, од друга страна, има одличен настап, со просек од 30,6 поени, 10,7 скока и 6,4 асистенции. Грчкиот кошаркар е член на Милвоки од 2013 година. Тој беше шампион во 2021 година, а МВП на НБА во 2019 и 2020 година.

Се вчитува...