Јанис: Зошто да не ја завршам кариерата во Европа

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо во ексклузивно интервју за „Спорт24“ отворено проговори за својата репрезентација, менталната сила и иднината веднаш по освојувањето на бронзениот медал на ЕП 2025 година.

Иако е 13-та сезона во НБА, во дресот на Милвоки Бакс, Јенис не ја отфрли можноста да ја заврши кариерата во Европа.

„Ми се допаѓа притисокот, сакам да си поставувам нови цели во животот. Но, не би ја исклучил можноста еден ден да дојдам во Европа и да ја завршам кариерата тука. Почнав овде“, вели Јанис. 

На прашањето дали се смета себеси за најдобар играч на светот, тој искрено одговори.

„Дали сум најдобар на светот? Ако го освојам Истокот и играм во финалето, тогаш – можеби. Но се зависи од годината. Јокиќ, Лука, Тејтум, Шеј… сите имаат свои моменти“, заклучи Јанис.

Се вчитува...