Јанков: Ова беше тежок меч, но ништо не е готово…

Голманот Ристе Јанков мораше да изреагира многу подобро при водечкиот гол на Израелците, но младиот чувар на мрежата потоа се претвори во спасител на нашиот национален тим, бранејќи еден пенал и уште неколку опасни шутеви кон неговиот гол. Со тоа, Јанков овозможи Македонија во самиот финиш да се спаси и да освои бод, иако останува разочарувањето што нашите младинци не стигнаа до цел плен на оваа средба.

Ова беше тежок натпревар, ништо не е готово, ќе дадеме максимумот за да стигнеме до шест бода на преостанатите две средби, најпрвин на гостувањето против Израел, а потоа и на домашниот дуел со Црна Гора. Го анализиравме противникот, знаевме што не очекува, дека ќе имаме против себе цврст ривал, дека мораме да играме подобро од она што го покажавме денеска. Не ни останува ништо друго освен да извлечеме поука и да дадеме максимум на следниот меч и да освоиме три бода во Израел“, истакна голманот на Работнички и на нашата младинска репрезентација.

Се вчитува...