Јанта Волеј и Работнички жени ќе се сретнат во финалето на одбојкарскиот куп на Македонија

Бранителот на титулата Јанта Волеј и Работнички жени ќе се сретнат во финалето од женскиот одбојкарски куп на Македонија. Јанта Волеј во првото полуфинале беше подобра од Наковски волеј со 3-1 (25-21,16-25, 25-18, 25-23).

Во второто полуфинале екипата на Работнички Жени успеа да слави над Струмица по четири сета (25-12, 16-25, 19-25, 17-25). Финалниот меч на програмата е утре од 16 часот.

Во машкото финале пак од 19 часот ќе се сретнат екипите на Струмица и Вардар.

Се вчитува...