Јапонија со триумф над Австралија обезбеди пласман за СП 2018

Фудбалската репрезентација на Јапонија го совлада националниот тим на Австралија со резултат од 2-0, и го обезбеди своето место вo завршницата на Светското првенсво кое ќе се игра во Русија следната година. Јапонците се четвртата селекција која обезбеди пласман на мундијалот, заедно со домаќинот Русија, Бразил и со Иран.

Со головите на Такума Асано во 41. минута, и Јосуке Идегучи на десетина минути пред крајот, Јапонија беше надмоќна против „кенгурите“, и како првопласирана репрезентација со 20 бодови во групата Б од квалификациите во Азија, ќе биде меѓу 32. селекции кои ќе се борат за највредниот фудбалски пехар.

Австралија, пак, има уште една шанса за пласман на мундијалот. Во следното коло ги очекува меч против националниот тим на Тајланд, и со победа ќе обезбеди место во бараж, но доколку Јапонците ја совладаат Саудиска Арабија, Австралијците ќе се искачат и на втората позиција која води директно на СП.

Се вчитува...