Јапонците сами се победија, Бахреин го доби азиското дерби

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

 

Бахреин по голема битка славеше над Јапонија со 25-24 во првиот натпревар од денешната програма во Минхен, во азиската пресметка на селекциите кои имаа 0-4 по првите четири кола. Јапонските ракометари имаат за што да жалат бидејќи во второто полувреме имаа предност од пет гола, а во последните две минути прокоцка „плус два“, за со гол во последните секунди да го претрпат и петтиот пораз во низа на овој шампионат.

Првото полувреме мина во максимално израмнета битка во која ниту еден од тимовите немаше предност поголема од еден гол, а на одмор се замина со водство на Бахреин од 10-9. „Самураите“ доминираа на почетокот од второто полувеме, кога поведоа со 19-14. Сепак, ракометарите на Бахреин се вратија, по 22-24 на три минути до крајот дадоа два гола од пенал, за потоа со погодок на две секунди до крајот да стигнат до победата со која го освоија  петтото место во групата.

Се вчитува...