Јасикевичиус: Не изгледаме како професионални спортисти

Фенербахче го доживеа еден од најтешките порази во својата историја губејќи со 84-58 на гостувањето кај Реал Мадрид во 8. коло од Евролигата.

Шарунас Јасикевичиус, тренерот на турскиот тим на преконференцијата за медиуми упати критики кон своите избраници велејќи дека не изгледаат на професионални спортисти.

„Не направивме ништо од тоа што се договоривме. Бевме ужасни во првото полувреме. Искрено, не ме интересира тоа каква кошарка игравме бидејќи не бевме добори. Не изгледаме како професионални спортисти. Тоа многу ме загрижува бидејќи откако започна сезоната многу говоревме за мотивација. Како да не успеваме да се носиме со притисокот по тоа што го постигнавме. Во овој момент на теренот изгледаме очајно. Играта веројатно ќе напредува од натпревар во натпревар, но ова за сега не изгледа добро“, заклучи литванскиот стратег.

Се вчитува...