Двократната олимписка шампионка во атлетика Јелена Исинбаева реши да ја напушти Русија и да се пресели во Шпанија.
Светската рекордерка во скок со стап живее во луксузен комплекс на островот Тенерифе, пишува порталот Чемпионшип, повикувајќи се на шпанскиот весник „Ел Дигитал Сур“.
Јелена Исинбаева е мајор во вооружените сили на Руската Федерација. Исто така, таа е трикратна светска и двократна олимписка шампионка (2004, 2008). Од 2016 година е член на комисијата за спортисти на МОК.
Руската атлетичарка Јелена Исинбаева е во брак со поранешниот фрлач на копје Никита Петинов, со кој ја има деветгодишната ќерка Ева.
Во 2005 година, Јелена Исинбаева стана првата жена во историјата која прескокна пет метри. Таа го постави актуелниот светски рекорд (5,06 м) во Цирих во август 2009 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА