Јохан Блејк ја завршува кариерата по игрите во Париз

Светскиот шампион на 100 метри од Даегу во 2011 година, Јохан Блејк ќе ја заврши кариерата следната година, на Олимписките игри во Париз, објави Јамајканецот на социјалните мрежи.

Ќе остане запаметен како најмладиот светски шампион на 100 метри, откако на 21 година го освои златото во Даегу. Веќе во 2012 година во Лондон, Блејк освои сребрени медали и на 100 и на 200 метри, завршувајќи зад неговиот сонародник Усеин Болт, кој претходно во 2011 беше дисквалификуван во финалето во Даегу.

Блејк освои и два олимписки златни медали во штафетата на 4 х 100 метри во Лондон 2012 и Рио 2016 година. Интересно, во 2009 година, тој издржа тримесечна суспензија поради употреба на метилхексамин.

На последните Олимписки игри во Токио 2021 година беше шести во полуфиналето на 100 метри и така за прв пат од Сиднеј 2000 година Јамајка немаше претставник во финалето на спринт трката. На Светското првенство во Јуџин минатата година, Блејк не успеа да стигне до финалето на 100 и 200 метри, додека штафетата 4х100 метри заврши на четвртото место.

„Постојаното трчање на 100 метри, 200 метри и штафета бара огромен напор, така што Париз 2024 ќе биде мојот последен танц“, напиша Блејк.

Се вчитува...