Никола Јокиќ продолжи со импресивните партии од стартот на сезонава, предводејќи го Денвер до победа и во меѓусебната пресметка со Голде Стејт вориорс, изразена со убедливи 129-104. Србинот за промена не стигна до трипл-дабл, го заврши мечот со 26 поени, 9 скокови и 9 асистенции, пред се поради фактот дека водството беше убедливо, па тој на теренот мина само 28 минути колку што му беа доволни да издоминира против гостите. Мареј имаше 23, а Гордон 18 поени за Денвер, додека Грин со 17 беше прв стрелец на Голден Стејт.
Јанис Адетокумбо одигра меч за паметење против Чикаго, предводејќи го Милвоки до триумф од убедливи 126-110. Грчкиот „ѕвер“ имаше 41 поен, 15 скокови и 9 асистенции, Тарнер додаде 23 за Милвоки, додека Литванецот Тузелис со 20 поени беше прв стрелец на гостите.
Шампионот Оклахома Сити ведаш се врати на победнички патеки по првиот овосезонски пораз, лесно триумфирајќи на гостувањето во Сакраменто со 101-132. Гилџус Александер постигна 30 поени, но клучна фигура во овој триумф беше Хартенстајн со 33 поени и 19 скокови.
Резултати НБА:
Орландо – Бостон 123-110, Вашингтон – Кливленд 114-148, Атланта – Торонто 97-109, Бруклин – Детроит 107-125, Сан Антонио – Хјустон 121-110, Мемфис – Далас 118-104, Мајами – Шарлот 126-108, Милвоки – Чикаго 126-110, Минесота – Јута 137-97, Денвер – Голден Стејт 129-104, Сакраменто – Оклахома Сити 101-132.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

