Јокиќ и Денвер им одржаа лекција на Јанис и Милвоки (ВИДЕО)

Во дербито на вечерта во НБА лигата во кое се сретнаа двата водечки тима во Источната и Западната конференција кошаркарите на Денвер Нагетс на домашен терен славеа над Милвоки Бакс со 129-106.

Никола Јокиќ повторно беше најдобар поединец во победничкиот табор со постигнат 31 поен, надополнет со 11 асистенции и шест скока. Кај поразените Јанис Адетокумбо исто така заврши со 31 поен.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Атланта – Индијана 143-130, Мајами – Бруклин 100-129, Феникс – Филаделфија 125-105, Сакраменто – Јута 121-113 и ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 110-131.

Се вчитува...