Јокиќ извонреден во триумфот на Денвер, Голден стејт го декласира Сан Антонио

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжува со одличните партии во НБА лигата. Јокиќ повторно беше блиску до „трипл-дабл“, завршувајќи со 21 поен, 9 скока и 8 асистенции во победата на Денвер над Феникс од 123-113.

Во редовите на Феникс најефикасен беше Ти-Џеј Ворен со 31 поен, додека Драган Бендер мечот го заврши со 23 поени и 8 скока.

Денвер во моментов е на седмата позиција на Западот со 30 победи и 26 порази, додека Феникс е е со скор од 18 победи и 39 порази.

ЛА Клиперс загубија од Филаделфија со 112-98. Најефикасен во победничкиот тим беше Џоел Ембид со 29 поени и 16 скока, додека на спротивната страна Лу Вилијамс заврши со 23 постигнати поени.

Голден стејт го декласираа Сан Антонио со 122-105, Далас беше подобар од Лејкерси со 130-123, со одлично деби на новиот „езерџија“, Ајзеа Томас кој постигна 22 поени, дополнети и со 6 скока.

Њу Орлеанс по продолжение славеше против Бруклин со 138-128, додека Милвоки на крилјата на Јанис Антетокуомпо го победи Орландо со 111-104. Вашингтон славеше против Чикаго со 101-90.

Се вчитува...