Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија тимот на Феникс со 130-112, и така дојдоа до 14-тата победа во сезоната. Нагетс водеше во поголемиот дел од натпреварот, а разликата растеше како натпреварот одеше кон крајот, па затоа Никола Јокиќ и другарите немаа проблем во последниот дел од мечот.
Феникс го започна натпреварот со серија од 8-0, но потоа му дозволи на ривалот брзо да се врати и да ја преземе контролата. Неизвесно беше сè до средината на третата четвртина, кога Нагетси направија огромна разлика, која тимот од Аризона не можеше да ја загрози.
Денвер, исто така, погоди повеќе од половина од своите тројки (22/38), а интересно е што имаа ист број обиди и реализација за два поени.
Никола Јокиќ традиционално беше најефикасен играч во својот тим со 26 поени, на кои додаде девет скока и десет асистенции. Шутираше 7/7 од поле и промаши само едно од 11 слободни фрлања.
Феникс го предводеше Дилон Брукс со 27 поени.
Joker’s performance in DEN’s W tonight? EFFICIENT.
⚒️ 26 PTS
⚒️ 10 AST
⚒️ 9 REB
⚒️ 2-2 3PM
⚒️ 7-7 FGM
⚒️ 10-11 FTMIt was the 3rd time in Joker’s regular season career where he totaled 25+ PTS while shooting 100% from the floor!
Only Wilt Chamberlain (7) has more in NBA… pic.twitter.com/JxzHh2yO0G
— NBA (@NBA) November 30, 2025
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Торонто 118:111 (по продолжение)
Индијана – Чикаго 103:101
Мајами – Детроит 135:138
Милвоки – Бруклин 116:99
Голден Стејт – Њу Орлеанс 104:96
Феникс – Денвер 112:130
ЛА Клиперс – Далас 110:114
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

