Јокиќ со десетти „трипл-дабл“ го носи Денвер кон плеј-офот, триумф на Кливленд

Екипата на Портланд доживеа четврти едноподруго пораз во НБА лигата, овој пат од Денвер кој славеше со 88-82.

Денвер славеше со пресврт, откако домашните водеа на полувремето, доаѓајќи до важна победа во борбата за позицијата број осум на Западот која води во плеј-офот.

Најефикасен на мечот беше Лилард со 25 поени, но играч на натпреварот сепак беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ со десеттиот „трипл-дабл“ во сезоната. Мечот го заврши со 15 поени, 11 асистенции и 20 скока за 38 минути на теренот.

Денвер во последното коло ќе му гостува на Минесота што ќе биде директна пресметката за плеј-офот. Победникот од овој дуел ќе се соочи со Хјустон во плеј-офот.

Во останатите синоќешни мечеви, Детроит загуби од Торонто со 98-108, Бруклин беше подобар од Чикаго победувајќи со 114-105, Оклахома славеше со 93-115 на гостувањето против Мајами, Кливленд беше подобар од Њујорк со 109-123, а Милвоки на домашен терен славеше против Орландо со 102-86. Минесота го победи Мемфис со 113-94, Сан Антонио го совлада Сакраменто со 98-85 а ЛА Клиперс загуби пред своите навивачи од Њу Орлеанс со 100-113.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...