Јокиќ станува најплатен српски спортист на сите времиња

Никола Јокиќ остави зад себе извонредна сезона во која имаше бројни трипл-дабл натпревари, па во ситуација кога договорот со Денвер му истекува јасно е дека српскиот ас добро ќе го наплати својот нареден договор во НБА-лигата. Челниците на Денвер нагетс се решени да не му дозволат на Јокиќ да си замине, а сспоред информациите од САД за центарот е подготвен мегадоговор со кој Јокиќ ќе стане најплатениот српски спортист во историјата.

Имено, за петгодишна верност кон нагетси одличниот кошаркар би инкасирал неверојатни 150 милиони долари. Сумите што би ги заработувал од година во година би се зголемувале, почнувајќи од 25,2 милиони долари во првата и огромни 37, ммилиони долари во неговата последна сезона од новиот договор.

Со тоа, Јокиќ би го минал дури и Новак Ѓоковиќ на листата на најплатени српски спортисти, откако Србинот инкасираше 110 милиони долари во досегашниот дел од кариерата.

Се вчитува...