Јорданчо Давитков потпиша со клуб од Бахраин

Поранешниот македонски селектор и еден од најдобрите кошаркарски стратези во државата, Јорданчо Давитков е назначен за нов тренер на Манама.

Се работи за актуелниот шампион на кошаркарската лига на Бахраин и еден од најдобрите клубови во историјата на оваа земја.

Давитков последниот ангажман го имаше во кувајтската Ал Кадсија, а покрај репрезентацијата на Македонија во два наврати во кариерата ги водеше и: Банијаш, Ал-Шааб, Ал-Васл, Кувајт, Ал-Џахра, Снефел, Струмица, Работнички, Неметали Огражден, Балкан Стил, Поло Трејд и Никол Ферт.

Се вчитува...