Јошко Миленкоски почна фантастично со Турција во Светската лига

Македонскиот стратег Јошко Миленкоски имаше фантастичен старт на својата одисеја како селектор на турската одбојкарска репрезентација. Тој со селекцијата на Турција оствари три победи на стартот од Светската лига.

Турците славеа со 3-2 во сетови против Кина, потоа го совладаа Египет со 3-0 во сетови, а беа подобри и од Холандија, која ја победија со 3-2 во сетови.

„Ова е совршен почеток за нас во Светската лига. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и понатаму“, потенцираше Јошко Миленкоски.

Се вчитува...